Основана во далечната 1994 година, со само неколку вработени и голем ентузијазам, денес Екстра Меин прерасна во моде...
Основана во далечната 1994 година, со само неколку вработени и голем ентузијазам, денес Екстра Меин прерасна во модерна компанија со над 150 вработени. Во текот на нашето работење изградивме силен, препознатлив и конкурентен бренд во месната индустрија. Имиџот на модерна, европски ориентирана компанија го градевме преку континуиран развој и инвестирање во најсофистицирана и најмодерна технологија на производство, со што од година во година ги зголемувавме продуктивноста и стандардот за квалитет на нашите производи. Екстра Меин денес претставува современа индустрија за месни производи, водена од професионален тим, составен од млад и високо образуван кадар, кој сo сигурен и стабилен чекор ги остварува зацртаните планови и цели поврзани со стратегија за развој.